Заев: Македонска помош од 6 милиони денари по силниот земјотрес во Хрватска

пред 4 години

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, објави на социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во…

Posted by Zoran Zaev on Вторник, 29 декември 2020

Тој упати силна поддрша до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот.

„Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите“.

Денешниот земјотрес со јачина од 6,2 степени се случи 24 часа по малку послабиот потрес со епицентар кај Петриња, на околу 50 километри од Загреб.

Share
Scroll to Top