Заев: Недела и со закон ќе биде ден за одмор

пред 3 години

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, објави премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

„Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање“, соопшти тој.

Како што објасни Заев, ова решение е во интерес на граѓаните, бидејќи тој ден треба да биде ден посветен на одмор, за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството и ден за себе.

Share
Scroll to Top