Заев утре ќе ја поднесе оставката од лидерската позиција во СДСМ

пред 2 години

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев утре, петок, ќе поднесе оставка од лидерската функција во партијата.

Несреќата на автопатот Струма ги одложи првичните планови за средба на највисоките партиски тела која требаше да се случи во вторникот.

Според статутот на партијата, најдоцна 15 дена по утврдувањето на оставката, Извршниот комитет ја носи одлуката за распишување на внатрепартиски избори.

Како што најави Заев, новиот претседател на СДСМ ќе биде и иден мандатар. Според неофицијални информации, еден од можните претенденти за оваа функција е Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии.

Утре и раководството на партијата на Африм Гаши Алтернатива ќе се состане за да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Заев. Гаши претходно изјави дека Алтернатива разговара за двете опции – останување во опозиција или приклучување кон владејачкото мнозинство.

Share
Scroll to Top