Oколу 1.000 прчиња пиротехнички средства одзела полицијата во Битола од неколкумина продавачи кај Градскиот пазар, стоковната куќа и во близина на Центарот за култура.
Од МВР информираат дека во близина на Градскиот пазар, кај 50- годишниот А.Љ., полициските службеници пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства. Истиот ден, во Градскиот пазар Битола кај И.Ц. од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од Е.Р. од Битола одземени биле 66 парчиња.
Во близина на Центарот за култура во Битола од Д.Б. биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од Ф. М. пред стоковна куќа биле одземени 71 парче пиротехнички средства.
По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.