Зајкова го поднесе предлог – законот за електронска нараквица за следење на насилниците

Зајкова го поднесе предлог – законот за електронска нараквица за следење на насилниците

пред 2 часа

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, денеска до Собранието ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително, Зајкова поднесе и барање за одржување на седница на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените.

„Денес повторно го поднесуваме Законот за електронска нараквица со кој што се овозможува дополнителна заштита на жртвата, покрај нејзината пријава, која обезбедува аларм на жртвата доколку сторителот се наоѓа во нејзина непосредна близина. Доста системот молчи, доста говориме за жените без да преземеме конкретни мерки. Пред Собранието повторно ќе се најде закон со кој што ќе може да покажеме дека навистина сакаме да обезбедиме заштита и превенција“, изјави претседателката Зајкова при поднесувањето на предлогот до Собранието.

Таа појасни дека покрај забраната за приближување, клучно е воведувањето на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри, со што ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за нејзино повторно изложување на насилство.

Текстот Зајкова го поднесе предлог – законот за електронска нараквица за следење на насилниците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top