Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

пред 3 месеци

Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир, напиша претседателот на Украина на социјалната мрежа X, покрај честитката од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод Денот на независноста на Украина.

„Искрено ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзините топли честитки по повод Денот на независноста на Украина и за нејзините принципиелни и инспиративни зборови на поддршка. Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир“, напиша Зеленски.

Текстот Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top