Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7.44 минути во подрачјето на Гостивар. Според првичните податоци, епицентарот бил 20 километри југозападно од Гостивар, во мавровскиот регион, на длабочина од 2 километри.

Жителите во мавровскиот крај земјотрес почувствувале и ноќеска во 1.36 часот со јачина од 3,2 степени.

Share
Scroll to Top