Земјотрес во Скопје и околината

пред 4 години

Земјотрес со интензитет од 2 степени според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината.

Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, епицентарот на потресот припаѓа на Скопското епицентрално подрачје.

Share
Scroll to Top