Земјотрес од Албанија почувствуван и во Македонија

пред 3 години

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 km југозападно од Скопје.

„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија сеизмолошките служби.

Share
Scroll to Top