Земјотрес регистриран во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес регистриран во Кичево, Охрид и околината

пред 2 месеци

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава.

Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7..

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и околината. 

Текстот Земјотрес регистриран во Кичево, Охрид и околината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top