Согласно со Законот за празниците, 8 април (четврток), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, ресорното министерство на граѓаните припадници на ромската заедница во земјата им го честита Меѓународниот ден на Ромите.