Иницијатива за привремено згрижување на бездомни кучиња на ЈП „Лајка“

Иницијатива за привремено згрижување на бездомни кучиња на ЈП „Лајка“

пред 2 часа

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња „Лајка“ ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување.

„Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување“, појаснуваат од „Лајка“.

Како поддршка на згрижувачите, ЈП Лајка ќе обезбеди: храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, промоција на кучето за вдомување

Од „Лајка“ нагласуваат дека за вклучување во програмата не е потребно претходно искуство, туку желба за помош, основни услови и одговорен пристап.

„Привремените згрижувачи се клучен дел од системот за хуман третман. Благодарение на нив, кучињата добиваат шанса повторно да веруваат и полесно да најдат траен дом. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават или да добијат повеќе информации преку [email protected] или преку социјалните мрежи на ЈП ‘Лајка’“, велат од претпријатието.

Текстот Иницијатива за привремено згрижување на бездомни кучиња на ЈП „Лајка“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top