Премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити денеска остварија средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, и дел од вработените, со цел изнаоѓање решение за исплата на платите кои им доцнат веќе пет месеци.
Инспекторатот за употреба на јазиците ќе премине под надлежност на Министерството за правда.
„Денеска заедно со Изет Меџити реализиравме средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не земале плата. Како резултат на конструктивниот дијалог и посветеноста на Владата да обезбеди институционална функционалност и правична исплата, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда. И по усогласувањето на законот за Инспекторат за употреба на јазици со Законот за организација и работа на органите на државната управа што веќе еден месец се наоѓа во собраниска процедура ќе им се овозможи на вработените да земаат плата. Бидејќи ова е прашање поврзано со Бадентер, очекуваме сите политички партии во Собранието да постапат рационално и конструктивно, без блокади и без обиди за политичка злоупотреба на ова прашање, кое директно ја засега егзистенцијата на семејствата на вработените во Инспекторатот. Понатаму ќе се состави работна група и ќе се направи конечна реорганизација на инспекторат со неговите надлежности“, стои во ФБ објавата на премиерот Мицкоски.
Текстот Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под министерството за правда, заостанатите плати ќе се исплатат е превземен од МАКФАКС.