Институтот за јавно здравје соопшти дека зел примероци од водата на посочени локации во Гостивар, откако Јавното обвинителство побарало да бидат извршени микробиолошки и физичко-хемиски анализи.
Екипата на ИЈЗ веднаш излегла на терен, а анализата на земените примероци започнала во раните утрински часови во четврток, веднаш по нејзиното враќање.
Постапувањето следува по известувањето од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар за нагло зголемен број пациенти со гастроинтестинални симптоми.
Од Институтот информираат дека стручните лица работат и во текот на викендот, со цел анализите да бидат изработени стручно и навремено.
Резултатите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство за натамошно постапување.
ИЈЗ е во постојана комуникација и координација со надлежните државни институции.
Текстот ИЈЗ ја анализира водата во Гостивар, резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството е превземен од МАКФАКС.





