Казнети 253 возачи и 36 пешаци во Скопје

пред 4 години

Полицијата за еден ден казни 253 возачи и 36 за пешаци во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се осум санкции за минување на црвено светло, 24 за некористење сигурносен појас и 61 казна за непрописно паркирани возила.

Казнети се и 36 пешаци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top