Полицијата денеска казни 33 возачи за брзо возење во Крива Паланка.
Полициски службеници од СВР Куманово на територијата на Крива Паланка санкционираа 33 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени и пет возила поради други прекршоци.
МВР најави дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.