Синоќа (25/26 декември) од 23 до 2 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола со која вкупно биле опфатени четири угостителски објекти во Тетово.
При контролата, во угостителски објект на улица “Димо Гавровски-Кара” биле затекнати и во координација со Државен пазарен инспекторат со соодветни поднесоци санкционирани четири лица од тетовските села Шемшово, Нераште, Мала Речица и Џепчиште, кои не поседувале сертификати за примена вакцина против “ковид-19” и 2 лица без документи за идентификација.
Двете лица без документи приведени се во Полициска станица Тетово за натамошна постапка, а санкции ќе следуваат и за угостителскиот објект.Во угостителски објект на улица “Маршал Тито” , пак, бил затекнат еден малолетник и нему ќе му биде изготвен соодветен поднесок.