Скопското јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица заради непочитување на полицискиот час.
Лицата биле затекнати надвор од своите домови, на различни локации во градот, за време на важечката забрана за движење од 22 до 05 часот, воспоставена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, информираат од МВР.
На овој начин тие сториле кривичното дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво според Кривичниот законик, соопштуваат од таму.
Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.