Камион излета од патот Охрид – Кичево, возачот тешко повреден

пред 3 години

Четириесет и шестгодишен скопјанец е тешко повреден откако со камион излетал од патот Охрид – Кичево.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера кога во близина на селото Требеништа камион „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетал од патот.

Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди.

Share
Scroll to Top