Кениецот Дерик Чеге Нјороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Кениецот Дерик Чеге Нјороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

пред 2 часа

Кениецот Дерик Чеге Нјороге е победник на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон. Тој патеката долга 42,195 километри ја истрча за 2 часа, 12 минути и 56 секунди.

Неговиот сонародник Едвин Кимару Косгеи го освои второто место со време од 2 часа, 13 минути и 21 секунда.

Третото место му припадна на Македонецот Дарио Ивановски, кој маратонот го заврши со време од 2 часа, 13 минути и 49 секунди.

Кенијците доминираа и на полумаратонот на 21 километар, во двете конкуренции.

Во женска конкуренција победи Валентајн Џебет со време од 1 час, 13 минути и 16 секунди, пред Чарен Чепквони со 1 час, 15 минути и 10 секунди и Нанси Гитаига со време од 1 час, 17 минути и 25 секунди.

Кај мажите прв беше Кенеди Роно со време од 1 час, 5 минути и 27 секунди, втор заврши Киптум Кимаијо со 1 час, 6 минути и 12 секунди, а трет беше Џон Куриа со време од 1 час и 7 минути.

На трката на 5 километри, во женска конкуренција, на првите две места се пласираа Македонките Ирма Хајдари со време од 19 минути и 43 секунди и Емили Ивановска со 20 минути и 54 секунди. Трета заврши Црногорката Лана Ивковиќ со време од 21 минута и 1 секунда.

Кај мажите, патеката од 5 километри најбрзо ја истрча Македонецот Андреј Арсов со време од 16 минути и 29 секунди. Втор беше неговиот сонародник Гилман Јонузи со 16 минути и 35 секунди, а трет заврши Фредрик Ухрборн од Шведска со време од 16 минути и 44 секунди.

Текстот Кениецот Дерик Чеге Нјороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top