Клековски: Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција над два милиона евра

Клековски: Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција над два милиона евра

пред 53 минути

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид по повод отпочнување на активности за реконструкција и изградба на новото крило, кои беа стопирани од 2017 година. Новото крило предвидено е да се стави во употреба до крајот на годинава, со што болницата ќе добие четири современи операциони сали.

-По повеќе од една година работа со раководството на болницата е затворена финансиската конструкција за завршување на новото крило, инвестиција што ќе надмине два милиона евра. Средствата, ќе бидат обезбедени од повеќе извори, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, буџетот на болницата, други државни институции и донации од општествено одговорни компании. Веќе е избран и добавувач кој треба да ги заврши градежните работи, а постапките за набавка на опрема, дел се во тек, а дел ќе бидат обновени. Јас би ставил рок до Нова година, фактички цела нова болница, да биде ставена во употреба, изјави министерот Клековски.

Тој посочи дека од сегашниот капацитет од околу една и пол операциона сала, специјалната болница „Св. Еразмо“ ќе добие четири современи операциони сали.

Охридско-струшкиот регион во повеќе области обезбедува здравствени услуги на високо ниво и еден од примерите е болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

-Со новата опрема и подобрените услови значително ќе се унапредат болничкиот стандард, условите за работа и лекувањето на пациентите. Ќе се потрудиме да станеме една, можеби, најрепрезентативна институција од областа на ортопедија и неврохирургија. Со поддршка на Владата сакаме да станеме референтен центар во областа на ортопедија и неврохирургија, посочи директорот, Харалампие Шокаровски.

Текстот Клековски: Специјалната болница „Св. Еразмо“-Охрид со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција над два милиона евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top