Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати честитка до граѓаните по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.
„Денеска кога го одбележуваме 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје.
Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци кои по цена на своите животи ја извојуваа слободата во која живееме денес, слободата на градот кој денес е симбол на непокорот и заедништвото на нашите предци.
Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје, заедништвото ќе ни помогне и во сите идни предизвици.
Честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски објавена на социјалната мрежа Фејсбук.
Текстот Ковачевски за 13 Ноември: „Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје“ е превземен од МАКФАКС.