Контролори натепани во автобус кај Бит Пазар

пред 3 години

Во скопската полиција било пријавено дека вчера во утринските часови, на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, биле натепани двајца контролори.

Според пријавата, додека Ф.Б.(37) и неговиот колега Х.М.(35), вршеле контрола на возните билети, биле физички нападнати од три лица, при што бил употребен и тврд предмет.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top