Костадинов: ДДВ за струја намалено од 18 на 5 отсто, грижата за граѓаните продолжува

пред 3 години

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто, истакна на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој рече дека и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, успешно се донесени измените кои ќе спречат поскапување на цената на електрична енергија за домаќинствата.

„Успеавме да ги заштитиме семејните буџети од зголемувањето на цената на електричната енергија. Институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард. За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а постојано инвестираме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина“, рече Костадинов.

Share
Scroll to Top