Коцевски на регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

Коцевски на регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

пред 2 години

Јавниот обвинител на Реублика Северна Македонија Љупчо Коцевски, и претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели, на покана на домаќинот – црногорското Врховно државно обвинителство, учествуваа на регионална конференција на јавните обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, што се одржа во Подгорица.

На конференцијата, организирана со поддржа од Прогрмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и проектот – поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан, се дискутираше за проблемите, предизвиците и постигнатиот напредок на регионалната соработка во постапките за воени злосторства, но и за квалитетот на доказниот материјал во ваквите случаи.

Јавните обвинители дискутираа и за постапувањето по предмети за кривични дела на сексуално насилство поврзано со конфликт.

„Како Јавно обвинителство ние немаме активни предмети поврзани со воени злосторства. Но, секако постапуваме по замолници за меѓународна правна помош, кои се однесуваат на прибирање докази за предмети во други земји. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно и посветено постапува и ќе постапува и во иднина кон сите поднесени барања и се обидува во најкраток можен рок да ги обезбеди доказите, кои ќе овозможат ефикаен кривичен прогон на сторителите на кривични дела“, нагласи во своето обраќање јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.

Текстот Коцевски на регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top