Кочанец се обидел да излезе од државава преку скопскиот аеродром со лажен ПЦР-тест. Обвинителството побара казна од 2.000 евра.
Според информациите од скопското обвинителство, 46-годишниот жител на Кочани сторил кривично дело фалсификување исправа.
„На 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР -тест на коронавирус. Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска“, се наведува во соопштението.
Јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.