Кривична пријава за возач на автобус кој превезувал повеќе патници од дозволеното

пред 4 години

Полицијата поднесе три кривични пријави за возачи на автобуси, вработени во компании за превоз, кои возеле повеќе патници од дозволеното, односно имало над 50 проценти исполнетост на капацитетот, и покрај забраната.

Во првиот случај, кривичната е поднесена против А.М.(32) од селото Удово, Валандовско, вработен како возач во фирма во Богданци.

„На 3.12.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека А.М. управувал автобус, сопственост на фирмата, во кој превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за максимум 50 проценти од вкупниот капацитет на возилото“, соопшти полицијата.

Со тоа, како што велат од МВР, постојат основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Втората кривична се однесува на Г.У.(52) од с.Богородица, гевгелиско, вработен како возач во фирма од с.Негорци.

„На 25.11.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека Г.У. управувал комбе „мерцедес“, сопственост на правното лице, во кое превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото“, соопшти МВР.

Третата кривична пријава е против возачот В.Ц.(26) од Богданци, вработен во фирма од овој град.

Share
Scroll to Top