Кривична пријава против ирачки државјанин, организирал криминална група за шверцување мигранти во Македонија и Западен Балкан

Кривична пријава против ирачки државјанин, организирал криминална група за шверцување мигранти во Македонија и Западен Балкан

пред 11 месеци

Националната единица за сузбивање шверцување мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против А. Ј. (28) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти.

А. Ј., кој во моментот издржува затворска казна во казнено-поправна установа во Сојузна Република Германија, во периодот од август 2021 година до мај 2023 година, во координација со криминални групи, кои дејствувале на територијата на Република Турција, Република Бугарија, Република Србија и Република Унгарија, планирал и ја договарал бројката на мигранти од Блискиот Исток, кои ќе бидат пренесени од Република Турција или Република Грција кон земјите на ЕУ, велат од МВР.

Исто така, во периодот од април до октомври 2022 година, преку други лица, преку услуга за брз трансфер на пари извршил повеќе трансфери на парични средства во вкупен износ од 6.670 евра кон две лица, кои се претходно пријавени како членови на сузбиена криминална група во 2023 година.

Текстот Кривична пријава против ирачки државјанин, организирал криминална група за шверцување мигранти во Македонија и Западен Балкан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top