Кумановец со автомобилот излетал од патот и удрил во работна машина

пред 3 години

Синоќа на автопат Миладиновци-Штип, во близина на населбата Три чешми, М.К.(52) од Куманово, кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина паркирана надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила полициска екипа.

Share
Scroll to Top