Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој, вели д-р Горан Кунгуловски ко работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од „Жан Митрев Клиник“.
Тој појаснува дека за некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата, во случајов кај нас е британскиот. Кунгуловски вели дека бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.
„За бразилскиот и други соеви
Како сој се дефинира тип на вирус што се разликува од изворниот според акумулација на мутации коишто водат до промена на неговите биолошки особини (пр. зголемена преносливост, зголемена смртност, избегнување на имун систем и слично).
Соевите како британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот се дефинирани од 10-тици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Wuhan-ски сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.
N501Y мутацијата – води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2 вирусот. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот сој.
Е484К мутацијата – води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужно-африканскиот и бразилскиот сој.
Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.
За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.
Среќа во несреќа, засега“, напиша д-р- Кунгуловски на „Фејсбук“.