Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна

пред 8 часа

Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да се движи општината.

Потврдено е, оценува тој, опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ.

„Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар. Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба“.

Ова, вели тој, не е борба на партии, туку борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар.

„Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни. Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина. Граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања. Сега е време за вистинска работа, време за ред, чисти улици и чесна општина! За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа!
Победа за секој граѓанин кој сака нормален, убав и достоинствен Центар. Центар повторно ќе биде најубавата, најчистата и најуредената општина во Скопје.

Текстот Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top