Лабудовиќ: Ќе изградиме нов модерен плоштад во Центар

Лабудовиќ: Ќе изградиме нов модерен плоштад во Центар

пред 10 часа

Изградба на проектот „Плоштадот на заедништвото – ФЕНИКС“, модерен, зелен и жив плоштад е дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ за Општина Центар – Мирослав Лабудовиќ.

„ФЕНИКС е симбол на обнова, нова енергија и заедништво. Место каде што ќе се среќаваат луѓето, ќе се создаваат спомени и ќе расте духот на Центар. Со овој проект градиме иднина што инспирира, поврзува и обединува“, изјави Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ.

Додаде дека  проектот ќе биде современ, зелен и инклузивен простор, каде уметноста, културата, музиката и животот се спојуваат во едно. Плоштадот ќе биде отворен простор за културни настани, концерти, изложби, семејни активности и дружења, создавајќи ново место за живот и инспирација во срцето на градот.

„Овој проект не е само урбанистичка замисла – тоа е визија за град по мерка на човекот, каде архитектурата, природата и заедништвото се дел од истата приказна. Со модерна пешачка зона, зелени површини и простор за одмор, ФЕНИКС ќе го врати она што најмногу недостига – чувството на припадност, мир и убавина во средиштето на градот3, рече Лабудовиќ.

Особено важно е што, додаде тој, во рамки на проектот се предвидени подземни паркинг места, со што конечно се решава еден од најголемите предизвици за жителите на Центар и се ослободува јавниот простор за пешаци и зеленило.

Текстот Лабудовиќ: Ќе изградиме нов модерен плоштад во Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top