ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

пред 49 минути

„Дали ја гледате логиката или живееме во некој надреален, паралелен свет? Во истите овие денови, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, додека новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда! Како е можно ова да се случува симултано? Дали за оваа Влада ова е воопшто нормално и до кога мислат да ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните?“, прашуваат од ЛДП.

„Дали можеби Перпарим се врати во државата за лично да им даде рецепт како да ги дособерат и преостанатите 3 милиони евра? Па потоа по веќе воиграното сценарио: да се повлечат една-две години во странство, договорено да си се вратат дома, да си организираат избори и да се надеваат дека народот ќе го заборави целото ова лудило како уште една безуспешна приказна?

За нивна несреќа, не живееме во камено доба. Живееме во дигитално време каде што сѐ се зачувува, сѐ се следи и сѐ останува трајно забележано. Европската Унија многу внимателно ги гледа овие институционални гимнастики и сѐ ќе биде прецизно нотирано во претстојните извештаи за владеење на правото и корупција.

А на оваа Влада, за да ги сними, зачува и обработи сите небулозни оправдувања, пропаганди и лудории што ги прави на дневна основа, нема да ѝ биде доволен само еден, туку ќе ѝ требаат барем уште пет нови државни дата-центри за да ги соберат сите гафови и манипулации што ѝ ги сервира на јавноста!“, се наведува во соопштението на ЛДП.

Текстот ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт? е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top