ЛДП со поддршка за протестот на културните работници

ЛДП со поддршка за протестот на културните работници

пред 3 часа

Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и соодветно вреднување на нивниот труд, соопштија од партијата.

„Фактот што луѓето кои ја создаваат и чуваат културата се принудени да протестираат е јасен показател за негрижата и потценувањето што со години го трпат од институциите. Наместо системска поддршка, сведоци сме на импровизации, партизација и игнорирање на реалните проблеми. Културата не е трошок, туку темел на идентитетот и развојот на едно општество. Државата има обврска да обезбеди стабилно финансирање, транспарентност и фер третман за сите културни работници“, се наведува во соопштението.

ЛДП ги повикува надлежните институции итно да влезат во дијалог со засегнатите страни и наместо да го одложуваат проблемот, да понудат конкретни решенија.

„ЛДП и во иднина ќе продолжи рамо до рамо со сите културни работници, секогаш на страната на културата и достоинството на секој поединец“, велат од партијата.

Текстот ЛДП со поддршка за протестот на културните работници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top