Левица: Консолидација на левичарските редови пред предвремените избори – XXX сесија на Централниот комитет на партијата

Левица: Консолидација на левичарските редови пред предвремените избори – XXX сесија на Централниот комитет на партијата

пред 2 часа

Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, „во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво“.

„Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини сите прогресивни сили во општеството кои сакаат Македонија да биде вистински дом за сите нејзини жители, а не да биде „бизнис рај” за привилегирана шака моќници кои кокетираат со секоја власт.

Левица останува доследна на своите политички принципи, со автентичен пристап и радикални ставови, бескомпромисно и без премолчување на неправдата, посветена на сериозна идеолошка борба за создавање подобро општество“, соопштуваат од партијата Левица.

Текстот Левица: Консолидација на левичарските редови пред предвремените избори – XXX сесија на Централниот комитет на партијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top