Локален дожд претпладне и температура до 16 степени прогнозира УХМР за денес

Локален дожд претпладне и температура до 16 степени прогнозира УХМР за денес

пред 3 часа

Управата за хидрометеорологија за денес прогнозира претпладне облачно со повремен локален дожд, претежно во источните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Текстот Локален дожд претпладне и температура до 16 степени прогнозира УХМР за денес е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top