Неред настанал вчера во метадонскиот центар во Кавадарци.
Една од вработените, во полицијата пријавила дека додека била на работното место, дошол Д.Ј. и почнал да ги навредува вработените и со остар предмет им упатил закани. Потоа ја оштетил и шофершајбната од нејзиното возило.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.