Македонците се Македонци и ништо друго:  ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на министерката за надворешни работи од Бугарија

Македонците се Македонци и ништо друго: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на министерката за надворешни работи од Бугарија

пред 15 часа

ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, потенцираат во соопштение од владејачката партија.

„Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно.

Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема.

Повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели“.

Воедно, како што потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваат и останатите политички партии да го осудат овој говор на министерката Петрова Чамова, со цел, како што велат, давање јасен став дека идентитетот не е предмет на разговори, преговори и договори.

Текстот Македонците се Македонци и ништо друго: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на министерката за надворешни работи од Бугарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top