Малолетник со мотоцикл удрил во двајца пешаци во Куманово.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера попладне на крстосницата од бул. Октомвриска револуција и ул. Иво Лола Рибар кога мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот Ж.С.(46) и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово.
Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.