МВР: Во мај констатирани  28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

МВР: Во мај констатирани 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

пред 2 часа

Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци, информираат од МВР.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број, како што посочуваат, се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на затворен сигнал – црвено светло.

„Исто така, изречени се вкупно 781 мерка забрана за управување со возило. Од нив 295 се за минување на црвено светло, а 486 се за брзо возење, од кои 347 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 86 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 83 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место“.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни и побезбедни патишта.

Текстот МВР: Во мај констатирани 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top