МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час

МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час

пред 2 часа

Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.

„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.

Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.

Фото: МВР

Текстот МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top