Меџити: Инвестиција од 1 милион евра за модерен базен во ООУ „7 Март“

Меџити: Инвестиција од 1 милион евра за модерен базен во ООУ „7 Март“

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес го постави камен-темелникот за изградба на базен во Основното училиште „7 Март“. Инвестицијата е вредна околу 1 милион евра.

Спортскиот објект ќе има современи димензии, со должина од 25 метри и ширина од 8,80 метри, додека длабочината на базенот ќе биде прилагодена за учење и тренинг. Проектот има за цел да создаде безбедни и професионални услови за учење пливање, развој на спортски активности и организирање натпревари.

Базенот ќе биде опремен со посебни гардероби, тушеви, простории за тренери и современа опрема, исполнувајќи високи стандарди за безбедност и енергетска ефикасност.

„Денес ги поставуваме темелите на инвестиција што директно ќе влијае врз развојот на спортот и образованието на младите генерации. Овој базен не е само спортски објект, туку простор каде што ќе растат шампиони, ќе се обучуваат нови професионалци и ќе се развива нова спортска култура во Чаир,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Текстот Меџити: Инвестиција од 1 милион евра за модерен базен во ООУ „7 Март“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top