Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

пред 2 часа

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација.

Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место.

-Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со инвестиција од над 59,8 милиони денари создаваме современи и поефикасни услови за жителите на Саат Кула- изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Работите на водоводната мрежа се во завршна фаза, а во наредниот период ќе следува асфалтирање на улиците каде што се реализирани инфраструктурните зафати.

Текстот Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top