Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари работна средба унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин.
Меџити ја поздрави сеопфатната поддршка што Унгарија ѝ ја дава на Северна Македонија како на билатерален план така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.
Двајцата соговорници се согласија дека двете влади тесно соработуваат во насока на зајакнување на билатералните односи и забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Меџити рече дека унгарското претседавање со Советот на Европската Унија, кое е едно од главните тела за одлучување на блокот, ни дава можност да го забрзаме напредокот на интегративниот пат на нашата земја.
Двајцата соговорници разговараа и за зелената агенда и за улогата на нашата земја во борбата против климатските промени.
Текстот Меџити со унгарскиот амбасадор Клеин: Двете влади тесно соработуваат во насока на забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е превземен од МАКФАКС.