ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на рокот за сослушување експерти и функционери за случајот со Онкологија

Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкокогија до ЈО

пред 1 година

„На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието“, пишува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на социјалните мрежи.

„Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото.

Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината таква каква што е. Се понатаму е во рацете на обвинителството“, се вели во објавата на пратеничката на социјалните мрежи.

Текстот Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкокогија до ЈО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top