Милевски: Реформските процеси и економијата бележат одлични резултати

Милевски: Реформските процеси и економијата бележат одлични резултати

пред 2 часа

Пеце Милевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања до претседателот на Владата, кои се однесуваа на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и цените на нафтените деривати, реализацијата на Реформската агенда, како и на економските политики.

,,Дали Владата ќе продолжи да интервенира во намалување на цената на нафтата и нафтените деривати, за граѓаните да не се соочуваат со нови ценовни шокови?“, беше првото прашање на Милевски.

Тој се осврна на Реформската агенда и посочи дека најголемиот дел од законските решенија веќе се доставени до Собранието. Милевски оцени дека во изминатиот период бил вложен значаен ангажман од страна на Владата во подготовката и спроведувањето на реформските процеси, при што, како што кажа, забележлив е напредок во исполнувањето на предвидените обврски.

,,Тоа е една голема разлика со тоа кога не се спроведуваа реформи, тоа никој не го гледаше, а се гледаше да се распродава тоа што има во државата, наведната кичма наместо работа. Во јануарскиот изештај, ние сме најдобри во реализацијата и тоа го очекуваме и веројатно на крајот на овој месец, кога се очекуваат новите извештаи и овој интензинет на реформи е препознат од страна на граѓаните. Моето второ прашање е: до каде е исполнувањето на реформската агенда и кои се следните чекори кои ќе ги преземете?“, истакна Милевски.

Милевски говореше и на темата за инфлацијата, за што кажа дека во изминатиов период Владата успеала да ја стабилизира истата и да обезбеди попредвидлива деловна клима и економска стабилност. Тој нагласи дека ваквите резултати се особено значајни во услови кога дел од европските економии се соочуваат со забавен раст и неизвесност. Како показатели за позитивните економски движења, Милевски ги посочи растот на индустриското производство, извозот и просечните плати, како и постепеното намалување на невработеноста.

,,Тоа се показатели кои зборуваат дека економијата се движи напред. Моето трето прашање се однесува кон вашата интензивна работа на економијата и продолжување во создавање на подобри услови. Бевте во Истанбул, во Турција, остваривте средби со турските компании. Што можат граѓаните да очекуваат во следниот период од оваа работна средба, од потпишаниот договор со новата инвестиција, кој е придонесот од инвестицијата и колку вработувања ќе донесе и дали имате разговори за нови инвестиции?“, заврши Милевски.

Текстот Милевски: Реформските процеси и економијата бележат одлични резултати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top