Милошоски да се извини за лагите на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирана, вели пратеникот од СДСМ, Коциќ

Милошоски да се извини за лагите на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирана, вели пратеникот од СДСМ, Коциќ

пред 3 години

На денешната седница на анектната комисија за случајот на Онкологија, пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, презентира докази како Антонио Милошоски од ДПМНЕ ја лаже јавноста. Коциќ побара извинување од Милошоски за изнесените лаги.

„На минатата седница на анкетна комисија пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада за која тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување доказен материјал на Клиниката за онкологија притоа наведувајќи свои лични квалификации. Врз основа на Законот за пристап до информациите побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Нека го види и јавноста. Овој документ го демантира Милошоски, ја демантира ДПМНЕ и го покажува нивното вистинско лиц“, рече Коциќ.

Според него, не се работи за одлука за расходување потрошен и дотраен материјал, како што Милошоски лажно тврдел, туку станува збор за медицинска опрема – два кревета во вредност од 0 денари, шест стола во вредност од 0 денари, медицински апарат – 0, медицински апарат – 0 денари и уште еден медицински апарат – 0 денари.

„Значи, се врши избор на рецициклирање и уништување отпад. Ова е уште една потврда дека целта на ДПМНЕ со анкетната комисија воопшто не е ништо друго, освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини. Освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот, ДПМНЕ нема друга намера. Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети, сѐ со една цел – создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите. Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда, туку манипулација“, додава тој и вели:

„Бараме пратеникот Милошоски јавно да се извини за манипулациите на македонската јавност. Исто така, бараме да се одложи почетокот на седницата додека пратеникот не ѝ се извини на македонската јавност. Злоупотребата на работата на анкетната комисија мора да прекине“.

Текстот Милошоски да се извини за лагите на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирана, вели пратеникот од СДСМ, Коциќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top