Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот „Мазут“

Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот „Мазут“

пред 2 часа

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција изјави дека приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле „непрофесионално и паушално“ во случајот „Мазут“.

Милошоски рече дека јавноста е сведок дека постои „официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење на доказите кои што ги наведе обвинителката Коларевиќ за прекинување на истрагата“.

Тој изјави дека приговорот од ЕСМ е доказ дека обвинителката Коларевиќ постапила непрофесионално, а дека Ислам Абази ја потврдил „контроверзната одлука за скандалот Мазут“, кој, како што рече, е тежок 167 милиони евра набавки на мазут за ТЕЦ Неготино.



Според Милошоски, тоа потврдува дека истрагата била „претежно паушална“ и дека дел од доказите за кривична одговорност биле неосновано иземени како изговор за прекинување на постапката.

Тој додаде дека приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство дава правна можност за преиспитување на решението за скандалот „Мазут“ и за корекција на одлуката за прекин на истрагата.

Милошоски рече и дека ЕСМ, како оштетено правно лице, ги побива изјавите на Коларевиќ и Абази, кои, според него, „им дале повластена улога и им поклониле поголема верба“ на исказите на Капушевски, Јахоски, Адријан Муча и Ерџан Сулкоски, додека „воопшто го немале ниту достапен Васко Ковачевски“.

„Време е обвинителството да нема свои повластени бизнис или политички партнери и сите оние за коишто постои основан и сериозен сомнеж за незаконито дејствување при набавката на мазутот 167 милиони евра да одговараат како и секој друг осомничен“, изјави Милошоски.

Текстот Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот „Мазут“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top