Милошоски: Со кое право викендов Османи преговарал за историјата, јазикот и интересите на македонскиот народ

пред 3 години

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешното свое обраќање на протестот што се одржа пред МНР под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од оние кои викендот преговараа со нивните колеги од Софија, односно од министерот за надворешни, Бујар Османи, и неговите соработници.

„Најпрво да ви се заблагодарам за присуството и да го поздравиме министерот Бујар Османи со едно барање за оставка. Оставка од тие кои овој викенд беа затворени во МНР, министерот и тројца негови соработници и преговараа целодневно со нивните колеги од Софија, во чие име преговараа што преговараа и што договорија, на чија сметка, кој им дал мандат да преговараат она што е традиција, интерес, историја, книжевност и јазик на македонскиот народ. Затоа почитувани да не се чудите зошто Бујар Османи и Никола Димитров и Зоран Заев не доаѓаат во Собрание, затоа што тие се навикнати на тајни преговори. Тајни преговори кои потоа ќе ги плати народот како што и досега и овие неуспешни политики на владата ги плаќа народот. За жал, она што го ветуваа живот за сите и европска Македонија гледаме дека денес стана само полошо место за живеење оваа држава предводена од Зоран Заев, од корумпирани политичари коишто националните интереси го гледаат само како предмет, а преговораат за да може да останат во фотелјите во коишто се наоѓаат“, рече Милошоски.

Тој во своето обраќање потсети и на онаа фотографијата од 2018 година дека Македонија добила датум за преговори.

„Заев и Бујар Османи  и Никола Димитров се сеќавате на онаа легендарната фотографија во 2018 година дека сме добиле датум, каде е датумот, дали некој од нив го украде датумот, ние знаеме од овие тројца кој го украде датумот, но еве нека се произнесат тие“, додаде тој.

Share
Scroll to Top