За Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор и Државната комисија во втор степен за управна постапка и работни односи предлагаме спојување, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната собраниска седница.
Милошоски со објаснување зошто се предлага спојување на комисиите.
„Зошто се предлага укинување на една второстепена комисија, затоа што идејата е овие две второстепени комисии да се спојат во една, при што ќе имаме намален број членови на комисијата, ќе имаме зголемена ефикасност и ќе има оптимизација на институциите што би биле во функција на потребите на граѓаните“, рече Милошоски.
Тој информира дека Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор во овој момент брои 7 члена.
„Тенденцијата на решавање предмети е следна, односно ќе дадам една споредба. Во 2020 година оваа Комисија имала 2.422 предмети за решавање, а во 2023 година бројот на предмети за решавање е паднат на 660“, вели Милошоски.
Оттука, додаде дека треба да се поддржат измените со цел да се добие една комисија, која ќе биде порационална и поефикасна, со помал број челнови.
Текстот Милошоски: Со спојување на Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор и Комисијата во втор степен за управна постапка ќе се добие една поефикасна и порационална комисија е превземен од МАКФАКС.






